Недостигот
на витамин Б12 настанува кога телото не добива доволно или не може да го
апсорбира количеството витамин кое му е неопходно.
Многу лица над 50
години ја губат способноста да го апсорбираат витаминот Б12 од храната и се
препорачува да го внесуваат преку суплементи.
Во ризичните групи
спаѓаат и лицата кои следат строга вегетаријанска исхрана, затоа што најдобар
извор на Б12 е токму месото.
Особено голем е
ризикот кај веганите кои воопшто не консумираат продукти од животинско потекло.
Бебињата чии мајки се
вегетаријанци можно е да страдаат од дефицит на витамин Б12.
Алкохоличарите исто
така се ризична група и треба да внимаваат на внесеното количество витамин Б12.
Недостигот на витамин
Б12 не е честа појава.
Се развива бавно, па
симптомите постепено го зголемуваат интензитетот.
Кога во телото има
сериозен недостиг на витамин Б12, некои од симптомите се:
- Слабост, замор, недостиг на енергија или вртоглавица;
- Дијареја и запек;
- Инконтиненција;
- Проблеми со концентрацијата;
- Забрзан срцев ритам и забрзано дишење;
- Воспален јазик или крварење на непцата;
- Бледа и жолтеникава кожа.
Ако
оваа состојба не се лекува, долготрајниот недостиг на витамин Б12 може да
доведе до оштетување на нервните клетки и да предизвика симптоми како:
- Депресија;
- Халуцинации;
- Губење на рамнотежа;
- Конфузност и сериозни проблеми со помнењето;
- Вкочанетост или трнење на рацете и нозете.
Нема коментара:
Постави коментар